Како до Битола?

Со авион , кола, траект

Република Северна Македонија има два меѓународни аеродроми. Главниот аеродром се наоѓа во близина на главниот град Скопје, а вториот е веднаш до Охридското езеро и најпознатото туристичко место во земјата, градот Охрид. Меѓународниот аеродром во Скопје е директно поврзан со скоро сите главни градови низ Европа.

Аеродромот Свети Апостол Павле во близина на Охрид има директни летови од неколку познати аеродроми. Пронајдете го распоредот на веб-страницата на аеродромот во Охрид. Покрај домашниот, можно е да се користи и аеродромот во Солун, Грција, на околу 200 км од Битола.


Сопствен превоз


Ако планирате да останете неколку дена или да ги комбинирате спортот со туристичко искуство, секако можете да се организирате со ваш сопствен превоз. Од Централна Европа сe до границите на Северна Македонија, супербрзите автопати се протегаат низ Словенија, Унгарија или Хрватска и Србија. Исто така е можно да се користи комбинација со траекти. Најблиското пристаниште се наоѓа во Грција, Игуменица. Од таму имате директни врски со Италија.

Скопје

Растојание до Битола 150 Km

Охрид

Растојание до Битола 70 Km

Игуменица

Растојание до Битола 300 Km 

ШАТЛ БУС


Имаме понуда од наша страна со посебен шатл-автобуски превоз за учесниците во PUTM и нивната придружба од аеродромите во Скопје и Охрид.

Повеќе информации за оваа понуда и услуга подоцна на оваа веб-страница.