Пелистер Уникатен Треил Маратон

ПУТМ е повеќедневен интернационален натпревар во планинско трчање, што ќе заземе простор на целата површина на Националниот парк Пелистер и поголемиот дел од Баба Планина.
Нашите рути водат низ официјално маркирани и најчесто користени планински патеки, но, ние исто така, внесуваме и нови патеки кои се ретко користени и припаѓаат на оригиналните, историски и заборавени од времето, патеки на Баба Планина.

Зад PUTM стои цврст тим кој има искуство во планинските авантуристички спортови, активно вклучени во спортот, како и луѓе кои се секојдневно на планина, стари и млади жители од руралните средини кои се наоѓаат во падините на Баба Планина. Нашата заедничка и единствена цел сте – Вие-планинските тркачи, да Ви овозможиме и помогнеме да ги реализирате Вашите тркачки соништа.

Правила и прописи за трките

Правила и прописите се надоврзуваат на етичкиот кодекс на ИТРА кој служи да го направи натпреварот безбеден, фер и еднаков за сите учесници. PUTM е меѓународно призната трка која ги применува критериумите и стандардите во планинските трки воспоставени од ИТРА.
  •   Правила и прописи

Изјава за одговорност

Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на натпреварот. Овие прописи служат за да го направат натпреварот еднаков за сите учесници и не може да се оспорат на суд.

Повеќе за партнерите и места поврзани во организациата

Н.П.Пелистер



Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стар е околу 465 милиони години и е највисок врв во паркот, со 2.601 метри надморска височина.

Битола



Градот е познат под името “град на конзулите”, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманската Империја, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата.

Стрежево Ски Центар



Ски центарот е сместен во падините на Баба Планина, лоциран над селото Нижополе на надморска висина од 1.300 m н.в. до 1.610 m н.в. и со градот Битола е поврзан со асфалтен пат со должина од 15 km.