Од срцето на Битола до центарот на Националниот парк Пелистер! Оваа трка ви дава можност да трчате на најпознатата пешачка зона во Македонија, Широк Сокак, а нешто подоцна и на најпознатите планински патеки на Баба Планина! Тоа не прави уникатни, тоа е ПУТМ! А тоа значи дека се редат прекрасни точки една по една во ред...Тумбе Кафе, Смолево, село Дихово, црквата Свети Атанас, уникатната борова шума на Молика, карпестиот дел под врвот Илинден до врвот Пелистер, Мало езеро, Големо езеро, историскиот француски пат, реката Сапунчица. Сето тоа поврзано со стрмни искачувања и спуштања, широки ливади и планински реки. За оние кои немаат намера да го бркаат времето за целта, имаат можност да ја видат Битола од гледна точка Јоргов Камен, уникатна позиција за селфи која ќе биде на 1 минута лево од правецот на движење на км 22. Ви препорачуваме да не ја пропуштите оваа уникатност!! Не заборавајте повторно да се вратите на истата патека за да ја продолжите трката! Забележи дека Јоргов Камен е задолжителна точка на рута само за тркачите на PELISTER XTR ULTRA кои од тука продолжуваат кон врвот Стив!
Редовното пиење за време на ултра трката е најважниот чекор за успешен крај! За совршено и најквалитетно надополнување на потребната и потрошена енергија на нашата исклучително тешка и исцрпувачка патека, имате производ кој го користат голем број олимписки победници и светски шампиони во речиси сите спортови! Произведено во Швајцарија!
PUTM©