УНИКАТЕН ПОГЛЕД НА БАБА ПЛАНИНА И ВРВ ПЕЛИСТЕР!

NEOLICA TRAIL


Најкратките трки во голем број настани имаат неблагодарна стартна позиција...ама не и кај нас! Старт е во самиот центар на градот Битола, а завршува во центарот на Баба Планина, каква уникатност!! По спектакуларниот почеток, патеката ве води преку Тумбе Кафе до манастирот Св. Атанасиј на ридот Смолево, од каде што имате прекрасен поглед на градот Битола. Продолжувате кон еден од најпосетуваните планинарски домови во околина на Битола, Неолица. Без грижа за жештините, добар дел од патеката е во длабока и висока шума каде што имате многу сенка. Од домот започнува стрмниот дел од искачувањето кон врвот Неолица. И тогаш погледот е вреден за секој труд...уникатен! Имате и непречен поглед на целта на само 2 км под вас...но бидете внимателни. На таа должина ќе направите околу 600 метри спуштање... максимална концентрација е неопходна доколку сакате да доживеете уникатен пречек на целта!



БРОЈКИ


  • 24.06.2023
  • 10:00 
  • 23 KM
  • 1 340 Д+
  • 580 Д-
  • МАКСИМАЛНО ВРЕМЕ 6,5 Ч

ПАТЕКА


  • СТАРТ БИТОЛА >> 580 М
  • НАЈВИСОКА ТОЧКА >> 1 865 М
  • НАЈДОЛГ УСПОН >> 1 230 М
  • НАЈДОЛГ СПУСТ >> 580 М
  • КОНТРОЛНИ ТОЧКИ >> 1
  • ЦЕЛТА СКИ ЦЕНТАР НИЖЕПОЛЕ             >> 1 370 m

ИТРА / УТМБ


  • ИТРА >> 1 ПОЕН
  • УТМБ ИНДЕКС >> 20 K

КОНТРОЛНИ ТОЧКИ & ПРОФИЛ НА ПАТЕКА