Претпријавувањето е отворено за трката PELISTER XTR ULTRA 115K !
Се родивме под среќна ѕвезда што ја имаме Битола ! На едната
страна се протега бескрајот на Пелагониската рамнина, а од друга планинскиот
венец Баба, од чии врвови има фантастичен поглед на Преспанското Езеро. На Баба
Планина се наоѓа и најстариот македонски Национален Парк Пелистер - душата на
Битола! Нашите трки ќе ве одведат во бескрајно-спектакуларно-тешка
авантура...ние дефинитивно ја имаме психо-физички најбруталната трка во
Македонија , PELISTER XTR ULTRA!
Битола е град кој е горд на
своето минато, на култура, уметност, музика, на песна. Но Битола има
најспектакуларно шеталиште на овој дел од Балканот - Широк Сокак - македонска
Рамбла! Кој не шетал овде, велат не
бил во Македонија . Ние ви нудиме дури и повеќе... може да бидете единствени и
да трчате меѓу градските кафулиња наредени бескрајно од двете страни на патеката. Ваков старт на трките го нема никаде на Балканот -
дефинитивно!
Тур де Франс го има својот Alpe d‘ Huez...ПУТМ има Широк Сокак!
И штом зачекориш во Баба свет, заборави ги сите твои проблеми...Баба планина бара екстремна психофизичка
подготвеност и мора да бидете господар на сопствените чувства. Почетокот и
крајот на трките се наша одговорност, ќе подготвиме ЕМОЦИИ... за останатите 99%
од патеките, можеме само да ви гарантираме едно - борба со сите можности и
тешкотии на ВИСТИНСКА и ДИВА планина! И затоа повторуваме - не го потценувајте
Пелистер! Но, ако тука истрчате до крај, ништо веќе нема да може да Ве изненади.
Сега е до Вас да одберете колку емоции сакате да понесете со себе дома, ние Ви
нудиме од многу до бескрајно
многу! Кое и да го одберете, комбинацијата од градското и планинското
искуство е неповторливо.
ПУТМ е но копи пасте треил...Е УНИКАТ!
115 K / 7 000 Д+
Повеќе >>>
54 K / 3 400 Д+
Повеќе >>>
23 K/ 1 340 Д+
Повеќе >>>
© PUTM2021 Copyright