ПОВЕЌЕ АВАНТУРА!

Запознајте ги последните оази на недопрената природата!


Додека имате уште резервна енергија, планирате да останете некое време во регионот, имате истражувачки дух, имаме  решение и за тоа! Агенцијата која е активна во организацијата на ПУТМ, единствена во Северна Македонија, која нуди разни активности од областа на авантуристичкиот туризам со професионални водичи.

Тури и активности

Битката кај Кајмакчалан

Со лиценциран планински водич со теренско возило 4х4 џип, ќе ве поведе на 10-12 часовна авантура во посета на едно од најкрвавите и најужасните места од Првата светска војна на македонскиот фронт каде што се одиграла битката за врвот Кајмакчалан.

Кањонинг

Ова е водена активност за која не ви треба искуство. Единствените барања се основи за пливање и исчекување на адреналинската авантура!Погодно за поединци, парови, поголеми групи и семејства.

Мариово и офрод сафари

На оваа прекрасна авантура, од теренското возило ќе имате можност да видите природни убавини, планински предели, да дишете чист воздух и да уживате во длабока дабова шума низ која брзаат малечки реки и потоци со чиста и ладна вода.

МАУНТАИН СОЛУШН

Маунтаин Солушн е регистрирана компанија која дава услуги од областа на планинарски водичи и спасувачки услуги низ планините на Република Македонија. Зад нас се многу години на планинарско искуство и илјадници задоволни клиенти од целиот свет.

За сите детали, информации и резервации...