С  Т  А  Т  У  Т

на

  Здружение  за потикнување и промоција на спортот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот- „ПЕЛХТР “

од Битола 

 Општи одредби 

Член 1

Здружение  за потикнување и промоција на спортот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот ПЕЛХТР “од Битола  е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, спортскиот дух,  зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата на РС Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот. 

Член 2 

Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради остварување на јавниот интерес на граѓаните во областа на спортот и промовирање на здрав начин на живот , преку потикнување на активности и манифестаци со спортски ,  социо-културен,  еколошки ,  туристички и здраствени карактер. 

Член 3 

Здружение  за потикнување и промоција на спортот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот ПЕЛХТР од Битола , дејствува на територијата на РСМ, а се организира за подрачјето на општина  Битола. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да  членува  во  асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РСМ и овој Статут. 

Член 4 

Здружението како Здружение со своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува  во  согласност со односите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, со овој  Статут и Законите на РС Македонија 

Член 5 

Називот на здружението е:  Здружение  за потикнување и промоција на спортот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот – „ ПЕЛХТР

Името на англиски јазик е: Association for stimulation and promotion of spor, sports tourism and healthy lifestyle - "PELXTR"

Скратениот назив на Здружението е:  ПЕЛХТР  /  PELXTR 

Член 6 

Седиштето на здружението е  во   Битола,  на ул. Новосадска  бр. 10 ,  а се организира и делува на подрачјето на општина Битола и  на територијата на Република Северна Македонија и останатите земји                                                                 

Член 7 

        Здружение  за потикнување и промоција на спортот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот – „ ПЕЛХТРод   Битола , има својство на правно лице со права обврски и одговорности кои произлегуваат од овој Статут и законските прописи.

Здружението „ ПЕЛХТР “  го претставува застапува Претседателот.

Здружението  има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението на  Македонски  јазик  со кирилично  писмо , а на средината стои логото на Здружението.

Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст: Здружение  за потикнување и промоција на споротот , спортскиот туризам и здравиот начин на живот – „ ПЕЛХТР на  Македонски  јазик  со кирилично  писмо , број, дата и место. 

 

Цели и задачи на Здружението 

Член 8 

Граѓаните се здружени  во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е подобрување на јавниот интерес на граѓаните во областа на спортот преку промовирање на здрав начин на живот , потикнување на активности и манифестаци со спортски ,  социо-културен,  еколошки ,  туристички и здраствени карактер. 

Основни цели и задачи на Здружението се:  

Потикнување и развој на споротот и  спортската култура кај децата и младите

Подобрување на условите за спортување и спортска едукација

Подобрување на условите за спортско организирање и оддржливост

Потикнување на активности и  манифестации од спортски , социо-културен, еколошки, туристички и здраствен  карактер.  

Член 9 

Здружението со посебна одлука може да формира акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност и друг облик, согласно Законот за трговски друштва на РСМ.

Здружението работи врз основа на план и програма за работа.  

Член 10 

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности: 

 организирање на конкретни програмски активности;

Спроведување на заеднички проекти; домашни и меѓународни

Организирање на конференции, семинари, кампови, манифестации, обуки и друг вид на активности;

Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;

Медијција и посредување во подобрување на условите и практиките за подобар спорт.

Врши и други работи предвидени со овој Статут

  

Членување 

Член 11 

Член на Здружението „ПЕЛХТР“ може да биде секој полнолетен граѓанин,  државјанин на Република Северна Македонија и/или странец, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Закон.

Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.

Здружението „ПЕЛХТР“  за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно. Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.  

Член 12 

Членот има право да бира и да биде биран во  органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението, да придонесува во развојот, промовирање и популарноста на Здружението, доброволно да се откаже од членувањето, да ги изнесува своите ставови по поставени прашања. Правото да бидат избрани е ограничено само за малолетните членови. 

Член 13 

Членовите на Здружението се должни:

Да го почитуваат Статутот,

Да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувњето на целите на Здружението

Да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението,

Да ги извршуваат активностите предвидени со Програмата за работа.  

Член 14 

Членството во Здружението може да престане:

По барање на членот на Здружението,

Ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него,

Ако дејствува против целите на Здружението,

Ако не ја плаќа редовно чланарината,

Одлука за престанок на членството во Здружението донесува Извршниот Одбор на Здружението. 

 

Јавноста во работата 

Член 15 

Работата на „ПЕЛХТР“  е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување ( на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување   извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално – финансиско работење  и друго.

За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, интернет страници  како и списанието и таблата за јавно огласување која стои на видно место во просториите на самото здружение.

  

Финансирање на здружението 

Член 16 

Здружението остварува средства од:

Членарина

Донации, доброволни прилози

Буџет на РСМ и локалните самоуправи

Давање на услуги на други здруженија, организации и институции

Провизии од органи, организации, заедници и од други установи

Од трговски друштва и други правни лица;

Од други услуги (имотни права и сл.),

Од други извори предвидени со Законот и Статутот 

Член 17 

Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите  законски норми, утврдени со финансискиот план и врз основа на валидни документи. 

Член 18 

За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежносите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отсранување на незаконитостите. 

Член 19 

Здружението „ПЕЛХТР“ донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат  по член 16 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, материјали, трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата на Здружението. Финансискиот план може во секое време да се измени.  

 

Органи на Здружението 

Член  20 

Органи на Здружението „ПЕЛХТР “  се:

1. Собрание

2. Претседател

3. Извршен одбор

4. Надзорен одбор 

 

Собрание на здружението 

Член 21

Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието на Здружението „ПЕЛХТР“ го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението кои ја платиле членерината за тековна година.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се ставa на увид во седиштето на здружението најмалку 7 дена пред одржување на седницата.  

Член 22

На собрание се избираат:

- Претседавач;

- Записничар;

- Двајца оверувачи на записникот;  

Член 23

Седници на Собрание свикува Претседателот на здружението по сопствена иницијатива.

Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.

Седницата на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на надзорниот одбор.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.  

Член 24

Собранието на Здружението  „ПЕЛХТР “  од  Битола од редовите на своите членови на редовни или вонредни собранија избира Извршен одбор и Претседател на здружението. 

Член 25

Собранието може полноправно да одлучува  ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

На собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од членовите / делегатите гласањето може да биде и тајно.

Членовите на Собранието  во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.  

Член 26

Собранието ги врши следните работи:

- Донесува Статут на Здружението „ПЕЛХТР “ и врши измени и дополнувања на истиот;

- Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа,

- Усвојува завршна сметка и финансиски план,

- Одлучува за промена на целта на здружувањето

- Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението

- Oдлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации.

- Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;

- Донесува програма за работа на Здружението;

- Избира и разрешува членови на Извршниот одбор и негов Претседател;

- Го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;

- Ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;

- Расправа за постигнатите резултати  од развојот на Здружението и дава   насоки за натамошен развој на Здружението;

- Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од  интерес на Здружението;

- Избира и разрешува членови на Надзорниот одбор.

- Разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзорниот одбор.

- Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;

- Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите. 

 

Извршен обор 

Член 27 

Извршниот Одбор на здружението „ ПЕЛХТР“  од   Битола е Извршен орган на Здружението во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развој на здружението во согласност на Статутот.

Член на Извршниот одбор се изема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое лице врз кое тој има контрола или економски интерес . 

Член 28

Извршниот Одбор на Здружението „ ПЕЛХТР“  од  Битола брои 3 члена.

Мандатот на членовите на Извршниот Одбор трае четири години.

При изборот на членовите на Извршниот одбор Собранието на здружението еден од избраните членови го избира и именува за Претседател со мандат од 4 години со можност да биде повторно избран.

Претседателот на Извршниот Одбор истовремено е и Претседател на Здружението и тој го претставува и застапува Здружението и е наредбодавател и во областа на материјално и финансиско работење на друштвото.                                     

 Член 29

Претседателот на Извршниот одбор ги свикува седниците на Извршниот одбор, предлага дневен ред и ги раководи седниците.

Во случај на отсутност на претседателот на Извршниот одбор на седницата го заменува еден од членовите на Извршниот одбор по предлог на претседателот.

Претседателот е должен да свика седница на Извршниот одбор најмалку еднаш месечно, а по потреба повеќе пати по барање на  1/2  од членовите на Извршниот одбор.    

 Член 30 

Извршниот Одбор ги врши следниве работи:

- Ги подготвува седниците на Собранието, припрема материјали за седниците на Собранието;

- Го подготвува нацрт статутот, предлага измени и дополнување на статутот и ги подготвува другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;

- Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени на собранието;

- Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението;

- Формира Стручна служба и врши контрола на нејзината работа;

- Управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;

- Подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа;

- Донесува и реализира годишна програма за работа;

- Донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;

- Констатира прием на нови членови и престанок на членување доколку за тоа биде овластен извршниот одбор од страна на собранието;

- Именува и разрешува секретар- Главен координатор на Здружението;

- Донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и комисии и ја насочува нивната работа;

- Организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;

- Доделува одлуки за награди, пофалници и признанија;

- Дава согласност за набавка и отуѓување на основните средства;

- Дава согласност на Правилникот за организација и работните задачи на стручната служба на Здружението, и врши контрола на нејзиното работење;

- Донесува одлуки по приговори и жалби;

- Предлага и спроведува финансиски план и изготвува завршна сметка на Здружението;

- Решава за формирање на ограноци на Здружението;

- Именува членови на стручната служба на Здружението;

- Донесува акти со кои се уредува работата на Стручната служба;

- Врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот. 

Член 31 

Извршниот  Одбор за својата работа одговара пред Собранието на Здружението.

Извршниот  Одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на извршниот Одбор ја свикува Претседателот.

Предлог за свикување на Извршниот Одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието.

Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство ќе раководи член од Извршниот одбор кој ќе го назначи Претседателот.

Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот Одбор се уредува со деловникот за работа.

Извршниот одбор може полноважно да одлучува доколку на седницата се присутни повеќе од половина од членовите на Извршниот одбор , а одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови на седницата на Извршниот одбор.

Во случај гласовите ,,да,, и ,,против,, да се поделени , одлучувачки е гласот на Претседателот.

Членовите на Извршниот одбор  во секое време треба да ги имаат целите и интересите на здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна. 

Член 32

Заради извршување на статутарните и програмските задачи и Одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира други работни тела. 


Надзорен одбор 

Член 33

Надзорниот одбор на Здружението брои 3 членови кои се избираат од редот на надворешни лица, кои не се членови на Собранието.

Членовите на Надзорниот одбор во исто време не можат да бидат и членови на други органи на здружението.

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години. 

Член 34

Надзорниот одбор работи на седници

Седниците ги свикува претседателот и раководи со нивната работа.

Претседателот на Надзорниот одбор свикува седници најмалку еднаш годишно и по потреба. 

Член 35

Надзорниот одбор ги врши следниве работи

- Врши надзор на правилното спроведување и примена на одредбите од статутот и другите општи акти на Здружението;

- Врши надзор на извршувањето на одлуките на Собранието, Извршниот одбор и на другите тела на здружението;

- Врши надзор за наменско трошење на средствата;

- Еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид;

- Предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата;

- Врши и други работи согласно законот и актите на здружението;

Своите наоди и одлуки надзорниот одбор ги доставува до Собранието и Извршниот Одбор на „ ПЕЛХТР“  од Битола . 


Стручна служба 

Член 36

За извршување на административно стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението се формира стручна служба.

Организацијата и работата на Стручната служба се уредува со акти кои што ги донесува Извршниот одбор.

Член 37

Правата, должностите и одговорностите  за работа на вработените на Стручната служба на Здружението - Координаторите на прогр

ами ги утврдува Главниот Координатор на програма , кој раководи со стручната служба на Здружението. 

Член 38

Главниот Координатор на програма е истовремено и координатор на Здружението, и истиот може да биде во редовен  работен однос како и другите координатори со сите права, должности и одговорности што произлегуваат од ЗРО, Статутот и актите на Здружението. 

Член 39

Главен координатор и Координатор/и на програма/и може да биде лице со најмалку три години работно искуство во странски и домашни невладини организации, пожелно високо образование, познавање на странски јазик и работа со компјутери, пишување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како изразени организациони и менаџерски способности и квалитети.

Член 40

Вработените во стручните служби не можат да бидат избрани за членови на извршните органи на здружението на граѓани.  

Член 41

Изборот на Главен Координатор и Координаторите на програми го врши Извршниот одбор на здружението со мнозинство од гласовите  имајќи ги во предвид одредбите од став два од чл.28 од Статутов.

Член 42

Главниот Координаторот на програма е одговорен за извршување на финансискиот план и се грижи за извршување на одлуките и заклучоците на  Извршниот Одбор и Собранието на Здружението.

Главниот координатор и координаторите на програма се одговорни за својата работа пред Извршниот Одбор.

Главниот координатор и координаторите на програма учествуваат во работата на Извршниот одбор без право на глас.

Главниот координатор и координаторите на програма имаат право да свикаат седница на  Извршниот одбор доколку за тоа имаат согласност од 1/2  од членовите на Извршниот одбор. 

Член 43 

Средствата за работа на стручната служба и Координаторите на програми се определуваат со финансискиот план секоја година, и тоа средства за плати, материјални трошоци и други тековни средства за работа на Здружението.  


Престанок на Здружението 

Член 44 

Здружението престанува со работа во следниве случаи:

- Ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието на Здружението;

- Ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружение ;

- Ако настапат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија  и фондации.

Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Основачите на здружението „ПЕЛХТР“ од Битола  имаат право да го укинат здружението. 

Член 45

Во случај на престанок на работатата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на организација истоветна на здружението. 

Член 46

Доколку неможат да се исполнат условите утврдени во Членот 46, во случај на престанување на работата на здружението неговиот имот преминува во сопственост на Република Северна Македонија.  

Преодни и завршни одредби 

Член 47

Толкување на одредбите на овој Статут  дава Собранието  на Здружението, а помеѓу две Собранија, Извршниот одбор  на Здружението. 

Член 48

Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување. 

Член 49

Овој Статут  влегува во сила од денот на неговото донесување, на ден 01.12.2021  година