Правила и прописи PUTM 

Ве молиме, прочитајте ги внимателно и во целост "Правилата и прописите" за сите трки на
PELISTER UNIQUE TRAIL MARATHON

ITRA

Правила и прописите се надоврзуваат на етичкиот кодекс на ИТРА кој служи да го направи натпреварот безбеден, фер и еднаков за сите учесници. ПУТМ е меѓународно призната трка која ги применува критериумите и стандардите во планинските трки воспоставени од ИТРА.

Опрема за трчање

ОБАВЕЗНА / ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА ТРЧАЊЕ

  • ВАШАТА БЕЗБЕДНОСТ Е ПРИОРИТЕТ !
Планината Баба е сурова и да се биде неподготвен за ненадејна промена на времето може да биде многу трагично! 
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА !
Ве молиме почитувајте ја оваа листа, особено делот од опремата што е задолжителен!
  • КОМПЛЕТНАТА ОПРЕМА ЌЕ СЕ ПРОВЕРВА !
Тркачот кој ја нема КОМПЛЕТНАТА пропишана опрема со него нема да може да го подигне стартниот број и да се потпише на самоодговорноста за учество на трката!
За трката БИТОЛА УЛТРА предвидена е контрола на опрема во ранецот на пунктот ПАЛИСНОПЈЕ. Во случај да пропушти некој дел од опремата, организаторот има право да го дисквалификува контролираниот тркач! Најдоцна до денот на издавањето на стартните броеви на тркачите на НЕОЛИЦА ТРЕИЛ ќе биде објавено дали мора да ја поседуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА за тешки и опасни временски услови на стартот, имено: дождовна јакна, капа за заштита од ветер, опрема што ги покрива откриените делови од телото на рацете и нозете! Во случај тркач да се најде на патеката неспособен да ја продолжи трката поради недостиг на опрема веднаш ќе биде дисквалификуван!

ПУТМ ТРКИТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ СТРАНИЦИ >>>


UTMB INDEX

Завршувањето на трката за UTMB индекс ќе придонесе кон вашиот UTMB индекс. Сепак, нема да обезбеди Running Stones !

Трката со UTMB Index придонесува за секој
UTMB Index Finishers во соодветната категорија (20K, 50K, 100K или 100M) и дава привилегиран пристап до настаните од светската серија UTMB*

Привилегираниот пристап подразбира:
  • Ексклузивен предпродажен период
  • Рани цени обезбедени
  • Пристап до трки по принципот прв дојден прв послужен
* Со исклучок на распродадените трки каде што ќе се организира ждрепка. Во случај на нерешено, регистрацијата ќе биде ексклузивна за носителите на UTMB Index.