ИЗЈАВА
ЗА РОДИТЕЛСКА СОГЛАСНОСТ
Со доброволното пријавување на моето/ите дете/деца за трките кои се одржуваат на 25.06.2023 година давам
согласност и сум запознаен со следните точки:
Потврдувам дека моето дете е физички
способно да го издржи напорот предизвикан од трчањето;
Моето дете е без здравствени проблеми
на денот на трката и јас сносам родителска одговорност за секое влошување на здравјето;
Од безбедносни причини, неповолни временски
услови (дожд, грмотевици, превисока температура) организаторот може целосно да ја
откаже трката или да направи промена во распоредот на трката, за што ќе бидам
навремено известен/а, без право на било каков вид надомест или поврат
на веќе уплатените средства;
Организаторот може слободно да
ги користи технички
алатки (камери за сликање и снимање);
Организаторот може безрезервно да ги објавува направените снимки и слики за негови
потреби поврзани со промоција на настанот (веб-страница, Фејсбук, Инстаграм,
телевизиски медиуми или печатени материјали) и тие се во негова сопственост;
Поради непочитување на организационите
правила или несоодветно однесување кон одговорните лица од организацијата, кон другите деца и
присутните од страна, организатор може да го отстрани или одбие учество на истото дете без последователна
одговорност кон организатор од страна на родителот;
Свесен сум дека секое трчање на нерамна површина, на
угорница или удолница,
може да предизвика повреда или пад на моето дете;
Секое оштетување или губење на личните
предмети на детето надвор од временскиот период на трката не е одговорност на
организаторот;
Ќе ја почитувам секоја одлука на
организаторите поврзана со редоследот и ранглиста на пристигнувањето на децата во целта на трката;
Го ослободувам организаторот од
обврската за последователна испорака на неискористени подароци и
ваучерите предизвикани
од мои пропусти;
Секој родител/старател е должен да ја потпише оваа согласност пред да го преземе стартнио пакет за учество!