Можеби некој од Вас
е активен тркач, спортист. Можеби
има едно или повеќе деца со кои сакате активно да го споделите искуството и убавина од траил трчање. Знаеме
колку сте среќни доколку Вашите
најблиски Ве пречекаат на целта од некоја трка... а можеби уште поголемо
задоволство за детето и за родителот е овој пат Вие да ги пречекате своите
најмлади на целта! Дури и да не сте активен спортист, Ви
нудиме можност да се гордеете што Вашето
дете би било учесник во
наједноставната спортска активност,
но и најздравата - природно,
планинско трчање на тревна површина во срцето на планината Баба со нивните врсници!
Не ја пропуштајте оваа единствена можност!
За ТРАИЛКО
Датум, место и време
Ски Центар Стрежево
> 23 јуни 2024 - НЕДЕЛА > 09:00 - 12:00 Издавање на останатите стартните бројеви > 12:00 - 15:00 Трките и анимација > 15:00 - 15:30 Доделување на наградите
Во Битола
> 21 јуни 2024 - ПЕТОК / Локација накнадно >12:00 - 19:00 Издавање на стартните бројеви заедно со учесниците на трките ПУТМ 2024
Категории на Траилко 2024
ПЕПЕРУТКИ
Должина на патека
500 м
За родени од
01.01.2018 - 31.12.2019
ЛИСИЦИ
Должина на патека
800 м
За родени од
01.01.2016 - 31.12.2017
ВОЛЦИ
Должина на патека
1 400 м
За родени од
01.01.2014 - 31.12.2015
МЕЧКИ
Должина на патека
2 000 м
За родени од
01.01.2012 - 31.12.2013
КОТИЗАЦИЈА ЗА ЕДНО ДЕТЕ ОСТАНУВА КАКО ВО 2023 ГОДИНА620,00 мкд!
Учество
Покрај спонзорската поддршка, за да се организира и понуди беспрекорна организација со сите елементи кои остануваат за децата и родителите како позитивно и единствено искуство, потребно е да обезбедиме средства и преку Вашата котизација. За секое дете, без разлика на возраста, имаме исти стартните пакети и ист третман за секој учесник.
Содржина на стартен пакет
Маица Траилко
Стартен број со електронско мерење на време
Професионален водител на програма препознатлив од ТВ екраните
Медицински екипи
Финишерски медал и победнички пехарите
Освежителни пијалоци после трка / Спонзорски подароци
Забавен дел со музика во живо
Организиран превоз до Нижеполе и назад во Битола
Професионални фотографии и видеото на настан
Уникатна атмосфера - "детска олимпијада"
Треилко 2023
Вака беше во 2023 година! Среќа и радост на сите присутни!
Спонзори Треилко 2024
Досега потврдено (отворени сме за секоја нова соработка, контактирајте не)