ПЕЛИСТЕР УНИКАТЕН ТРАИЛКО 

Драги родители!


Можеби некој од Вас е активен тркач, спортист. Можеби има едно или повеќе деца со кои сакате активно да го споделите искуството и убавина од траил трчање. Знаеме колку сте среќни доколку Вашите најблиски Ве пречекаат на целта од некоја трка... а можеби уште поголемо задоволство за детето и за родителот е овој пат Вие да ги пречекате своите најмлади на целта! 
Дури и да не сте активен спортист, Ви нудиме можност да се гордеете што Вашето дете би било учесник во наједноставната спортска активност, но и најздравата - природно, планинско трчање на тревна површина во срцето на планината Баба со нивните врсници!

Не ја пропуштајте оваа единствена можност, која за прв пат во Македонија, покрај редовните трки, организираме настан со сите подготовки како за вистински планински трки. Не правиме разлика дали некој трча 115 км или 500 м - сите се шампиони и така ќе се чувствуваат!



За трките

Датум, место и време

  • Ски Центар Стрежево

> 25 јуни 2023 / Недела
> 10:00 - 11:30 Издавање на стартните пакети
> 12:00 - 13:30 Трките и анимација
> 14:00 - 14:30 Доделување на наградите

Услови за учество

  • Родени на ден од

> 01.01. 2013 до 31.12. 2018
> Должината на патека
= 1 круг (околу 450-500 метри)

 Трки

  • 3 Категории / Женски и машки

  • ПЕПЕРУТКИ     > 2017 + 2018   >> 1 круг
  • ЛИСИЦИ           > 2015 + 2016   >> 2 круги
  • ДИВОКОЗИ      > 2013 + 2014   >> 3 кругови

Спонзори Траилко 2023


Болница ПЛОДНОСТ од Битола е лидер за Инвитро оплодување со 53.76% успешност во постапките. ИВФ лабораторијата е предводенa од тим на врвни експерти кои ги имплементираат најновите светски методи во полето на репродуктивната медицина.

Котизација за едно дете изнесува 620,00 Мкд

 Важно! 

Максималниот број на пријави е ограничен и во секоја категорија изнесува 100 ! Сеукупно 300 деца!



Во котизација е вклучено следново:

  • Маичка и ранче со подароци и ваучери
  • Стартен број со електронски тајминг
  • Медал на крајот на трката за сите учесници
  • Уникатни награди за најбрзите 3 во нивните категории
  • Освежување пред и после трката
  • Медицински тим
  • Музичка анимација, презентер, уникатна атмосфера и дружење
  • Превоз од Битола и назад со автобус

Веднаш регистрирај го Вашето дете


Начинот на плаќање е со кредитна картичка преку безбеден сервер или интернет банкарство/трансакција на нашата тековна сметка наменета за таа употреба (информации и упатства во е-пошта по регистрацијата)

Локација