ПРЕД-РЕГИСТРАЦИЈА 

Ве молиме прочитајте ги внимателно информациите што се однесуваат само на наведената трка!
За другите трки на ПУТМ нема претходна регистрација.




Трка

  • Должина > 115 km
  • D+ > 7 000 m
  • D- > 6 200 m
  • Временски лимит > 27 ч
  • Датум > 22.06.2024
  • ITRA > 5
  • UTMB INDEX > 100M

Најтешката треил патека во Македонија!

По двегодишно организациско искуство, набљудувања, реакции на тркачи, волонтери и дискусии со учесниците решивме да ги направиме следните услови за учество на PELISTER XTR ULTRA 115K. Уште од самиот почеток нагласуваме дека оваа трка е многу напорна и не е за потценување, а тоа се потврди во овие две години.


Од страна на организаторите решивме да овозможиме учество само на оние тркачи кои имаат предиспозиции.
предиспозиции за учество на трка
  • 1)Тркач ја имаат успешно завршена трката PELISTER XTR ULTRA барем еднаш во 2022 или 2023 година
                                      или
  • 2)Тркач ја имаат успешно завршено најмалку една трка со 5 ИТРА поени, и тоа во 2022 или 2023 година
                                      или
  • 3)Тркач имаа ИТРА ИНДЕКС за мажи кои не се пониски од 660, како и за жени не пониски од 530 во моментот на регистрација

Не е потребно исполнување на сите 3 услови, туку само на еден од горенаведените!

Реализација на трката PELISTER XTR ULTRA 115K
 

Следниот услов што мора да се исполни за реализација на трката PELISTER XTR ULTRA 115K е
1. Бројот на квалификувани тркачи да биде најмалку 30

По истекот на рокот за ПРЕД-РЕГИСТРАЦИЈА, сите пријавени тркачи ќе добијат информација за статус на нивната регистрација, како и со финалните инструкции за наредните можности кои се поврзани со учеството на ПУТМ.

Доколку нема минимум 30 тркачи кои се квалификувани за учество на PELISTER XTR ULTRA 115K, таа трка НЕМА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА!

Во тој случај, тркачите ќе имаат можност да изберат една од останатите трките на ПУТМ - БИТОЛА УЛТРА или НЕОЛИЦА ТРЕИЛ.

За другите трки на ПУТМ 2024 нема посебни услови и пријавувањето ќе биде овозможено за сите тркачи и заинтересирани.


ПРЕД-РЕГИСТРАЦИЈА 


 Оваа регистрација не е дефинитивна или обврзувачка!
  • Доколку исполнувате барем 1 услов за учество, ве молиме пополнете го следниот формулар
  • По истекот на рокот за ПРЕД-РЕГИСТРАЦИЈА, сите пријавени тркачи ќе добијат информација за статус на нивната регистрација, како и со финалните инструкции за наредните можности кои се поврзани со учеството на ПУТМ.