АГЕНДА 17/18 ЈУНИ 2022 год

17 јуни - петок


  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТАРТНИТЕ ПАКЕТИ И БРОЕВИ 12:00 - 19:00 / БИТОЛА

+  Локацијата е во центарот на Битола, на главната и најпозната улица Широк Сокак пред Офицерскиот дом

Важна забелешка: во сабота НЕМА да има подигање на стартните пакети, ве молиме организирајте го подигнувањето во петок !!!

+  Локацијата КЛИКНИ ТУКА

  •  ПАСТА ПАРТИ 12:00 - 22:00 

+  Откако ќе го подигнете стартниот пакет ќе добиете ваучер за тестенини, во близина, на 100 m е хотелот Треф каде ќе можете да го искористите ваучерот за однапред договорен оброк во форма на тестенини или пица!

  • СТАРТ 104 КМ 22:00 / БИТОЛА

+  Стартот се наоѓа на истата локација за подигнување на  стартните пакети, а тоа е Офицерскиот дом

+  Тркачите на 104 км имаат можност да предадат лична  кеса / дроп бег /  со резервна или дополнителна опрема која ќе ве чека на станицата Молика

18 јуни - сабота

  •  СТАРТ 47 КМ 06:00 / МОЛИКА

+  Стартот е блиску до Хотел Молика лоциран во Националниот парк Пелистер

+  Од 04:45 - 05:00 часот има поаѓање на автобуси со превоз на натпреварувачите и нивна придружба од Битола до Хотел Молика, подетални информации може да се добијат со издавањето на стартните броеви
+  Локацијата на старт 47 км КЛИКНИ ТУКА

  •  СТАРТ 20 КМ 07:00 / СКИ ЦЕНТАР НИЖЕПОЛЕ

+  Стартот на трката е од Ски центарот Нижеполе

+  Од 05:45 - 06:00 часот има организирано поаѓање и превоз на натпреварувачите и нивна придружба од Битола до Ски центарот Нижеполе, подетални информации може да се добијат при издавањето на стартните броеви

+  Локацијата на старт 20 км КЛИКНИ ТУКА

  • ЦЕЛТА / НИЖЕПОЛЕ

+  Сите трки завршуваат на истата локација, во Ски центарот Нижеполе

+  На целта за сите учесници имаме богат кетеринг со храна и пијалок

+  Придружниците и пријателите имаат можност да купат храна и пијалоци во текот на денот

+  Од рано попладне до доцна навечер нон-стоп ќе ве забавуваат битолски бендови и диџеи!

+  Доделувањето на трофеите и наградите ќе биде навремено објавено и ќе се одвива според пристигнувањето на тркачите на целта во текот на денот.

+  Организиран е повратен превоз до Битола и хотел Молика за тркачите кои немаат можност да се вратат во сместувањето или своите возила, подетални информации може да се добијат со издавањето на стартни броеви.

+  По пристигнувањето на целта, секој тркач има можност да се истушира , за да може да продолжи да ужива и да учествува во забавниот дел, не заборавајте да понесете или организирате крпи за оваа намена.

+  Секако, на стартот на трките ќе имате можност да депонирате приватни вреќи или ранци кои ќе ви бидат достапни по завршувањето на трката во целта Ски центарот Нижеполе. Ве молиме за оваа намена користете соодветни кеси или вреќи означени со вашето име и презиме! Не оставајте скапоцености внатре туку само опрема, облека и средства за хигиена.

GPX 

DOWNLOAD