PELISTER TRAIL


1000 Д + Ве чека на првата половина од патеката до едно од најубавите места во Националниот парк Пелистер - Големо Eзеро! Сигурно ќе помислите барем еднаш дека искачувањето по Дебел Рид нема крај! Има секако.

На крајот од искачувањето Ве чека богато освежување пред планинарскиот дом „Димитар Илиевски Мурато„ и ладна езерска вода за освежување. Ова езеро е едниот дел од Пелистерските Очи, а другиот дел е Малото Езеро, кое се наоѓа на оддалеченост од 3 км на патеките 50К и 100К.

По кратко застанување, продолжете по историскиот француски пат до Орлови Бари. Оттаму после ца 200м започнува живописно спуштање по прекрасните ливади покрај реката Сапунџица. Можно е да се сретнете со берачи на боровинки или коњ преполн со вреќи кои полека одат по патеката ... но, не грижете се, само полека заобиколите ги и насмејте се!
Последните 2 км патека се протега низ борова шума со неколку потоци каде што треба да внимавате да не се лизнете!