PELISTER  ULTRA XTR

Во ова време на ноќта обично владее тишина и се слушаат само звуци од шуми, животни и потоци. Овој пат, нека ни простат овие прекрасни суштества поради нарушувањето на тој мир.

Опкружени со темните врвови на планината Баба, започнува забавата на полна месечина! На почетокот ќе трчате релативно брзо и директно под врвот на Бабин Заб. Од таму имате неопислив поглед кон врвот Пелистер. После тој спринт, ве предупредуваме- успорете, затоа што отсега цело време патеката оди нагоре. Прво до планинарскиот дом Неолица, па до истоимениот врв. Од оваа точка можете да го видите вашиот почеток и крај - одозгора! Искачувањето продолжува сe до врвот Скрково од каде имате панорамски поглед вреден милион долари.

После камењарот под Скрково, патеката ве носи лево надолу преку ливадите по сингле треил патеката до Бабини Кладенци, а потоа во насока на Влашка Чешма на историскиот француски пат. Оттаму, следете ја таа патека во правец кон Големо Езеро. Пред тоа, можете бесплатно да го фотографирате Преспанското Езеро на левата страна! По контролниот пункт продолжувате по тој пат од кога имате 17 километри долг спуст до најниската точка - Голема Ливада од каде го продолжувате вашиот втор дел од неочекуваната авантура.

Од подножјето на Националниот парк Пелистер и местото познато како Голема Ливада, омиленото битолско викенд-одморалиште, продолжува Вашата стрмна авантура.

Во овој почетен дел, Вие се движите низ пошумените патеки опкружени со ендемски борови Молика. Сè до местото познато како Ластојчин Камен, трчате по историските патеки од Првата светска војна. Оттаму има еден краток, но технички засебен и нагорен дел до Јоргов Камен. Продолжувате со кратко, но стрмно искачување сè до Горна ливада. По неколку чекори Ве очекува брзо и вртено спуштање до Палиснопје. Набргу потоа следува првото сериозно мачење. Се искачувате до едно место викано Француски болници, кои беа таму во Првата светска војна и од таму сè до врвот Пелистер, највисоката точка на Вашата авантура.

И сега започнува бесконечното спуштање! Продолжувате кон Мало Езеро, па стрмно следете ја реката Црвена по патеките што најчесто ги користат овци, коњи и собирачи на боровинки. Бидете внимателни на скриените камења и корени што се забележуваат во последна секунда. Овој дел од патеката случајно не го нарековме ролеркостер!

После херојскиот крај на спустот од 1500м Д - скоро во истата минута патеката Ве води до Дебел Рид !!! А тоа значи околу 5 км долга со 1000мД + !

Ретко може да најдете ваква промена на теренот во овој регион. Сепак, ова е PUTM® и зад тоа стојат искусни организатори! Кога ќе пристигнете во планинарскиот дом Димитар Илиевски Мурато и една од најимпресивните атракции и природни убавини во  Македонија - Големо езеро, Ве очекува неописливо магично спуштање покрај реката Сапунџица до заслужен финиш!