PELISTER ULTRA


Од подножјето на Националниот парк Пелистер и местото познато како Голема Ливада, омиленото битолско викенд-одморалиште, започнува Вашата стрмна авантура.
Во овој почетен дел, Вие се движите низ пошумените патеки опкружени со ендемски борови Молика. Сè до местото познато како Ластојчин Камен, трчате по историските патеки од Првата светска војна. Оттаму има еден краток, но технички засебен и нагорен дел до Јоргов Камен. Продолжувате со кратко, но стрмно искачување сè до Горна ливада. По неколку чекори Ве очекува брзо и вртено спуштање до Палиснопје. Набргу потоа следува првото сериозно мачење. Се искачувате до едно место викано Француски болници, кои беа таму во Првата светска војна и од таму сè до врвот Пелистер, највисоката точка на Вашата авантура.
 
И сега започнува бесконечното спуштање! Продолжувате кон Мало Езеро, па стрмно следете ја реката Црвена по патеките што најчесто ги користат овци, коњи и собирачи на боровинки. Бидете внимателни на скриените камења и корени што се забележуваат во последна секунда. Овој дел од патеката случајно не го нарековме ролеркостер!
После херојскиот крај на спустот од 1500м Д - скоро во истата минута патеката Ве води до Дебел Рид !!! А тоа значи околу 5 км долга со 1000мД +!
Ретко може да најдете ваква промена на теренот во овој регион. Сепак, ова е PUTM® и зад тоа стојат искусни организатори! Кога ќе пристигнете во планинарскиот дом Димитар Илиевски Мурато и една од најимпресивните атракции и природни убавини во  Македонија - Големо езеро, Ве очекува неописливо магично спуштање покрај реката Сапунџица до заслужен финиш!