По двегодишно организациско искуство, набљудувања, реакции на тркачи, волонтери и дискусии со учесниците решивме да ги направиме следните услови за учество на PELISTER XTR ULTRA 115K. Уште од самиот почеток нагласуваме дека оваа трка е многу напорна и не е за потценување, а тоа се потврди во овие две години.
По истекот на рокот за ПРЕД-РЕГИСТРАЦИЈА, сите пријавени тркачи ќе добијат информација за статус на нивната регистрација, како и со финалните инструкции за наредните можности кои се поврзани со учеството на ПУТМ.
Доколку нема минимум 30 тркачи кои се квалификувани за учество на PELISTER XTR ULTRA 115K, таа трка НЕМА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА!
Во тој случај, тркачите ќе имаат можност да изберат една од останатите трките на ПУТМ - БИТОЛА УЛТРА или НЕОЛИЦА ТРЕИЛ.
За другите трки на ПУТМ 2024 нема да има посебни услови и пријавувањето ќе биде овозможено за сите тркачи и заинтересирани.
Регистрациите ќе бидат достапни од почеток на 2024 година.
PUTM©