Ве молиме внимателно прочитајте го распоредот што е
дефиниран во врска со собирањето на стартните броеви и стартовите на трката.
Тука има и важни информации за Вашите лични работи пред и после трката. Во зависност
од временските услови или неочекувани промени на теренот, навреме ќе бидете
известени доколку бидеме принудени да го промениме тајмингот
23-ти ПЕТОК
ДИСТРИБУЦИЈА НА СТАРТНИТЕ БРОЕВИ И ПАКЕТИ
12:00 - 19:00 часот За сите трки
Локацијата е во центарот на
Битола, на главната и најпозната улица Широк Сокак - пред Офицерскиот Дом
Ќе ја проверуваме задолжителна опрема, должни сте да ја имате со себе при превземање на стартните броеви
Стартот е на
истата локација како и распределбата на стартните броеви, а тоа е Офицерскиот
дом
Тркачите на
115 km имаат можност да предадат лична жолта DROP BAG торба која ќе Ве чека на станицата за
освежување пред хотел Молика. Понесете спакувана и означена торба со стартен број
најдоцна 30 минути пред почетокот на трката и оставете ја на одреденото место
ТРАНСПОРТНА УСЛУГА
Ако сакате да ги
транспортираме Вашите сопствени работи до Целта, тоа можете да го направите
Подгответе транспортна торба со Вашите работи, предадете ја на обележаното место најдоцна 30 минути пред
почетокот на трката, ќе ја означиме со самолеплива етикета според Вашиот стартен број
Торбата ќе Ве чека на целта Стрежево Ски Центар - Нижеполе
Не оставајте вредни предмети туку само опрема, облека и средства за лична
хигиена
ЦЕРЕМОНИЈА
ЗА СТАРТ
Се замолуваат сите тркачи на 115 километри и нивната
придружба, гостите, навивачите и роднините да бидат на стартна локација
најдоцна до 16:30 часот
Имаме распоред за настан и детална церемонија со претставување на тркачите, поздравни говори и информации поврзани со трката,
како и настап во живо на пејачот Димитар Андоновскикој ќе ја пее химната на
трките Ако одам во Битола пред официјалното одбројување заедно со сите присутни! Подолу
е текстот на песната, доколку сакате можете да пеете заедно со останатите
тркачи и посетители
24-ти САБОТА
BITOLA ULTRA 54 KM
СТАРТ >>> 08:00 ЧАСОТ
Старт е
на истата локација со распределбата на стартните броеви, а тоа е Офицерскиот
дом - Битола, на Широк Сокак
ТРАНСПОРТНА УСЛУГА
Ако сакате да ги
транспортираме Вашите сопствени работи до Целта, тоа можете да го направите
Подгответе транспортна торба со Вашите работи, предадете ја на обележаното место најдоцна 30 минути пред
почетокот на трката, ќе ја означиме со самолеплива етикета според Вашиот стартен број
Торбата ќе Ве чека на целта Стрежево Ски Центар - Нижеполе
Не оставајте вредни предмети туку само опрема, облека и средства за лична
хигиена
СТАРТНИТЕ БРОЕВИ И ПАКЕТИ ВО САБОТА
Поради
временско ограничување и подготовки за старт на трката БИТОЛА
УЛТРА, нема да може да се подигне стартниот пакет во сабота 24-ти!
Ве молиме
погрижете се тоа да го направите во петок 23-ти. Ви благодариме за
разбирањето
Старт е
на истата локација со распределбата на стартните броеви, а тоа е Офицерскиот
дом - Битола, на Широк Сокак
Важно Тркачите на NEOLICA TRAIL
кои не ги подигнале стартните броеви и пакетот во петок 23-ти имаат можност тоа да го направат
на 24-ти во периодот од 08:05 до 10:30 најдоцна. Старт е во 11:00 часот без
задоцнување!
ТРАНСПОРТНА УСЛУГА
Ако сакате да ги
транспортираме Вашите сопствени работи до Целта, тоа можете да го направите
Подгответе транспортна торба со Вашите работи, предадете ја на обележаното место најдоцна 30 минути пред
почетокот на трката, ќе ја означиме со самолеплива етикета според Вашиот стартен број
Торбата ќе Ве чека на целта Стрежево Ски Центар - Нижеполе
Не оставајте вредни предмети туку само опрема, облека и средства за лична
хигиена
Сите трки
завршуваат на истата локација Ски центарот Стрежево - Село Нижеполе
На целта за
сите тркачи вклучивме кетеринг со освежителни пијалоци, храна и пијалоци
По
пристигнувањето на целта е влегувањето во CHILLOUT ZONE - каде што прво ќе
добиете пиво, безалкохолен пијалок, овошје, вода и слично
По
пристигнувањето на целта, секој тркач има можност да се истушира за да може да
продолжи да ужива и да учествува во забавниот дел, не заборавајте да ставите крпи, резервна облека и работи од лична хигиена за оваа намена во транспортна торба!
Ладна и варена храна за тркачите ќе се издава од 14:00 до 20:00 часот
Имаме
иста понуда и количина за секој учесник во секое време, без разлика кога ќе
пристигне на целта. Ве молиме почитувајте ги правилата на организаторот
Од 13:00 до
19:00 часот ќе Ве забавуваат локални музички бендови и диџеи во живо
Доделувањето
на победничките трофеи и награди ќе биде навремено објавено од страна на
говорникот на настанот и ќе се одвива според пристигнувањето на тркачите на
целта во текот на денот
Центарот има затворен простор и санитарни јазли
Организиран е
повратен превоз до Битола за тркачите кои немаат можност да се вратат во своето
сместување или возила
Во зависност од временските услови, можни се промени и дополнувања на фреквенцијата на возење до Битола
Жолти знамиња ќе бидат поставени на сите должини на растојание од максимум 200 m (околу 600 парчиња)
Во делови каде што има многу ветер, камења или патеката се дели, правилната насока дополнително ќе биде означена со стрелка на камен или дрво. Бојата е изработена од сува креда и по кратко време сама се бриши без никакви последици по околината (Made in EU со сертификат)
На битни раскрсници ќе имате таблички со стрелка за правилната насока
Дополнително жолти ленти ќе висат во шумите, урбаните области или каде е потребно
Во ноќната етапа, како дополнителна ознака, ќе бидат поставени специјални рефлектирачки капи, бели во боја. Одразот може да се види до 100 метри, во зависност од теренот